сабота, 27 јули 2024

Приведени три лица кои во дуќани имале илјадници петарди

Во три дуќани во гостварските села Неготино и Добридол полицијата пронајде речиси 7 илјади парчиња пиротехнички средства. Приведени се три лица.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – полициско одделение Галате, вчера во три трговски објекти во гостиварските села Неготино и Добридол пронашле и одзеле вкупно 6.964 парчиња разновидни пиротехнички средства, најмногу петарди, при што лишени од слобода биле три лица.

Имено, во периодот од 16.50 часот до 19.10 часот полициските службеници ги лишиле од слобода И.Д.(61), од кого со одземени 3.826 парчиња и Х.Ј.(49) со одземени 2.895 парчиња, двајцата од Неготино, а го привеле Г.Р.(60) од Добридол со одземени 243 парчиња.

б

Пронајдените пиротехнички средства се фотодокументирани, а по целосно документирање на случајот против трите лица ќе следуваат соодветни поднесоци“, информираат од МВР.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ