петок, 14 март 2025

Приведени три лица од Кавадарци за кражба и предизвикување пожар

Полициски службеници од СВР Велес вчера ги лишиле од слобода Р.П., Б.В. и И.З., сите од Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие се сомничат дека на нива, во близина на крстосница Градско, сопственост на правно лице од Скопје, предизвикале пожар и одзеле повеќе предмети.

„Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, повредени лица нема. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Р.П., Б.В. и И.З. биле приведени во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ