сабота, 27 април 2024

Приведени се две лица за убиството на лекарот, откри министерот Тошковски

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Објавено на

часот

Сподели

„Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени. Две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија“, изјави Тошковски, во готување во поткастот „Претрес“.

Тој посочи дека се преземени 20 истражи дејствија и дека се прегледани над 50 камери и видео записи. Според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика Железара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ