понеделник, 21 октомври 2024
По инцидентот пред натпреварот помеѓу Шкупи и Левски

Приведени се девет бугарски навивачи

Објавено на

часот

Сподели

Приведени се девет бугарски навивачи поради нарушување на јавниот ред и мир пред натпреварот Шкупи-Левски што се играше на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ова го потврдија од Министерството за внатрешни работи.

„На 27.07.2023 од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот „Тодор Проески“, непосредно пред почетокот натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се игра во Скопје“ – се наведува во соопштението.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ