сабота, 4 јануари 2025

Приведени петмина српски државјани во Охрид, поради меѓусебна физичка пресметка

Во првите часови од новата година, на 01.01.2025 во 01.40 часот, приведени се петмина српски државјани во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Пред ноќен клуб лоциран на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, приведени се српските државјани Д.Ќ.(20) од Панчево и А.К.(26), Л.С.(22), А.С.(21) и Л.М.(21), сите од Врање, кои претходно, пред објектот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ