сабота, 27 јули 2024
По сторијата на Топ чанел

Приведени општинарите од Голо Брдо кои продаваа документи за „бугарска националност“

По истражувачката сторија на гледаната албанска телевизија Топ чанел во која новинарите, кои тајно снимале, лесно и во еден ден за пари купиле документи „бугарско потекло“ за да им послужат за добивање на бугарски пасош, бугарското обвинителство ги приведе на сослушување двете лица, општински службеници од Острани и Општина Булќизе во Голо Брдо, кои беа снимени како земаат пари. 

Објавено на

часот

Сподели

По истрагата на екипа на популарната емисија Фикс фаре на телевизијата Топ чанел, како што веќе објави МКД.мк, во обвинителството итно биле повикани секретарот на Советот на општината, Фитим Бала и администраторот на општината Булќиза, Љуан Мјештри, брат на градоначалникот на Булќиза, лицата кои не знаејќи дека станува збор за новинари, ставија печат на потврдите за „бугарска националност“. Приведено е и уште едно лице, јави попладнево телевизијата.

Во меѓувреме, Советот на општината покрена процедура за разрешување на секретарот Бала и администраторот на Мјештри.

Новинарите на Фикс фаре вчера вечерта со глас и видео докажаа колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени и Булќизе, без разлика дали сте Албанец, Македонец или од друга националност. Иако, такви потврди не се законски бидејќи никој не може да биде овластен некому да му издава потврди за национална припадност или национално чувство.

сд

Потребни се вкупно 100.000 леки за две такви потпишани и со удрен печат потврди, со кои се бара бугарски пасош. Пасошот потоа лесно се добива, повторно за пари, а голем број Албанци, Македонци и лица од други националности веќе добиле пасоши за да одат на работа во странство, соочени со сиромаштија, нешто за што многу пати реагирале македонските здруженија и единствената македонска партија од Албанија, МАЕИ, чиј лидер Васил Стерјовски имаше и интервју за оваа телевизија, но и на други медиуми.

Македонските здруженија и партијата јавно кажуваат дека Бугарија организирано се обидува да го асимилира македонското малцинство и да прикаже дека како во Македоија, така и во Албанија, словенското население е со бугарско потекло. Ваква активност дури и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотово отворено спроведе за време на нејзината посета на Албанија во очи на неодамна спроведениот попис на населението, а континуирано во асимилаторска мисија е ангажиран бугарскиот амбасадор.

Уверенијата, како што објаснуваат во тв-прилогот, се добиени со доставување фотокопии од потврди на жители на Патос, баба и дедо, од Управната единица Требиште и втората за жител на Штерблева, од баба и дедо од Штерблева и Либражд. Потеклото на двете семејства немало никаква врска со Управната единица Острени.

Инаку, како што јавува Топ чанел, истражните структури во локалната полициска управа врз основа на сознанија од полициското разузнавање дека некои граѓани, вработени во управната единица Острени и општината Булќизе, се осомничени за фалсификување исправи, спротивно на законот, на 12 октомври годинава материјалните докази ги упатиле до Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност за сторени кривични дела фалсификување исправа, злоупотреба на службена положба и пасивна корупција .

„За 62-годишниот Љуан Мјештри, жител на Острени, со должност администратор на управна единица Остреин, А. Л., 33 години, жител на Острени, со должност специјалист за социјална служба, во управна единица Острени. единица и 61-годишниот Фитим Бала, жител на Требиште, со функција секретар на Советот на општината, општина Булќиза, процесните материјали денеска се предадени на Обвинителството при Основниот суд од Општа надлежност во (Мал, н.з.) Дебар, за понатамошна истрага со цел целосно документирање на случајот, како и идентификување и изведување на кривична одговорност на други граѓани. Надлежните им се заблагодарија на новинарите од емисијата Фикс фаре“; јави Топ чанел

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ