сабота, 27 јули 2024

Приведени навивачи од кошаркарскиот натпревар МЗТ и Работнички

Во спортско рекреативниот центар Кале вчера полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради тоа што за време на одржување на кошаркарски натпревар агресивно се однесувал кон полициските службеници.

Објавено на

часот

Сподели

За време на кошаркарскиот натпревар биле приведени и С.С. (37), М.Д. (34), Л.Л. (21), Л.Г. (19) и А.К. (21), сите од Скопје, поради непочитување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот против сите ќе следува соодветен поднесок. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ