петок, 18 октомври 2024

Приведени криумчари на мигранти

Вчера во 19:40 во село Табановце, кумановско, на крстосницата кон село Лојане, липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода  Б.Р.(41) од Матејче, липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„При преглед во патничко возило мерцедес со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле пронајдени две лица мигранти од Непал. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ