сабота, 27 јули 2024

Приведен крадец на дрва

Скопската полиција вчера во 14.00 часот во село Волково, скопско, го лишила од слобода Љ.С.(48) од село Блаце, скопско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Околу 13.20 часот во село Орман, скопско, полициски службеници запреле патничко возило фолксваген голф, кое го управувал Љ.С., а кое било натоварено со огревно дрво. Набргу, на местото пристигнало уште едно лице со патничко возило форд галакси, по што истоварило дел од дрвата во возилото голф, ги зело клучевите од Љ.С. и го напуштило местото. При обид да го спречат, Љ.С. ги попречувал полициските службеници, по што и тој се обидел да побегне со возилото галакси, но бил лишен од слобода.

Како што наведуваат од МВР, по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ