Притоа се запалиле и изгореле дрва, бандера во сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп.
Полициски службеници од ОВР Ресен, пак, вчера во 13.20 часот во Ресен ја лишиле од слобода Г.М.(60) од Ресен поради основи на сомнение дека истиот ден во 12.35 часот кај место викано „Бараки” запалила ѓубре, но огнот се проширил и зафатил простор со сува трева. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Ресен.
МВР наведува дека по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.