сабота, 27 јули 2024
Во Кавадарци

Приведени две девојки, на трета и дале да пуши марихуана

Во Кавадарци вчера во 12.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Т.(26) и С.Т.(29), двете од Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

При претрес извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, А.Н.(21) од Кавадарци била затекната во нивниот дом при користење марихуана, која ѝ била одземена, додека од А.Т. и С.Т. биле одземени неколку пакувања марихуана. 

Известен бил јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ