сабота, 27 јули 2024

Приведени двајца прилепчани при кражба во Мартолци

Двајца прилепчани биле приведени при кражба во велешко село, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 22:30 часот во село Мартолци, полициски службеници од Одделение за крим полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Н., на возраст од 33 години и А.С., на 31-годишна возраст, двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати од страна на полициски службеници при кражба во куќа во селото“, наведуваат од МВР.

Б.Н. и А.С. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ