среда, 15 јануари 2025

Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила

Двајца прилепчани биле лишени од слобода поради сомнение за кражба, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 4:40 часот и во 6:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино ги лишиле од слобода Н.А. и Б.Б., на возраст од 33 и 54 години. Тие се сомничат дека во периодот од 11 до 13 јануари, одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице“, појаснуваат од СВР – Велес.

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, како што додаваат од СВР – Велес, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од СВР – Велес информираат и дека денеска во 2:30 часот во ОВР – Кавадарци, В.Т., на возраст од 20 години од село Марена, кавадаречко, пријавил дека во селото Сопот бил физички нападнат од Б.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ