петок, 26 јули 2024

Дилери на дрога од Струмица завршија во станица

Двајца дилери на дрога од Струмица се приведени вчера, а при претресот извршен со судска наредба биле пронајдени марихуана, стебла од канабис, дигитални ваги и дробилка со остатоци од марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се приведени П.К.(36) и К.К.(40).

Во домот на П.К. во село Банско каде привремено престојувал биле пронајдени марихуана, шприц исполнет со црна материја, насадени стебла од растението канабис и други предмети, додека при претрес во нивниот дом во Струмица, во кој бил затекнат К.К., биле пронајдени одземени марихуана, две дигитални ваги и дробилка со остатоци од марихуана, воздушна пушка „Гамо“ и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ