среда, 26 март 2025

Приведени 17 лица за непочитување на седумдневната жалост

Вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост – кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп.

Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево – еден сопственик на угостителски објект и во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект осомничени дека ја прекршиле донесената одлука.

„По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ