недела, 20 октомври 2024

Приведена жена која се тепала во казино и оштетила дел од инвентарот

Полицијата утрово привела жена по физичка пресметка со две лица во казино.

Објавено на

часот

Сподели

„Утрово во 06.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја привеле Ј.В.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во казино го нарушила јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.Т.(39) и И.М.(39), оштетила дел од инвентарот во казиното и агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ