четврток, 6 март 2025

Приведена е жената која вчера во Скопје удри пешак и избега

Вчера во 17.30 часот скопската полиција ја приведе С.В.М. (42) која три часа претходно на крстосницата од булеварот „Кузман Јосифоски Питу“ и улицата „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и избегала без да укаже помош на повредениот.

 

Објавено на

часот

Сподели

А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ