недела, 20 октомври 2024

Приведен уште еден пироман, предизвикал пожар во Канатларци

Х.М. (29) од прилепското село Канатларци е приведен поради сомневање дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека вчера, кај местото викано Корија, во атарoт на селото Канатларци, предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ