недела, 20 октомври 2024

Приведен тетовец, криумчарел приведен маж од Тетовско, шверцувал стока без соодветна документацијација

Во тетовското село Мала Речица денеска наутро полициски службеници од мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.С. од тетовско Долно Палчиште.

Објавено на

часот

Сподели

При преглед во патничкото возило рено со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, соопштија  денеска од МВР, било констатирано дека без соодветна документација приведениот превезува 204 штеки цигари од различни брендови, 24 кутии со тутун од еден килограм и 145 кутии со тутун од 500 грама, пиротехнички средства, 20 машинки за правење цигари и 36 кутии со вкупно 18.000 филтри за цигари.

„Возилото било одземено и заедно со приведениот биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ