среда, 19 март 2025

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени пиротехнички средства

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале кумановецот Т.В., сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, веднаш потоа полициски службеници извршиле контрола во објектот каде биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

„Лицето било лишено од слобода и во полициска станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор, а од инспектор за заштита и спасување издадени се прекршочни платни налози и издадено е решение за забрана за работа до отстранување на неправилностите. За настанот бил известен јавен обвинител“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ