недела, 20 октомври 2024

Приведен скопјанец на Граничен премин Табановце

На влез на Граничен премин Табановце денеска од слобода е лишен Ф.Ф.(26) од Скопје, со привремен престој во Франција, кај чие возило било утврдено дека бројот на шасија е оштетен и на него физички било делувано.

Објавено на

часот

Сподели

„При извршена дополнителна контрола на патничко моторно возило БМВ со национална ознака на Р. Франција, сопственост на Ф.Ф. било констатирано дека типската налепница отстапува од оригиналноста, а бројот на шасија е оштетен и физички е делувано на истиот. Возилото е одземено со потврда, додека лицето ќе биде предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка“, се вели во денешното соопштение од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ