Според информациите од полицијата, на 23 декември 2024 година, на улицата „Бутелска“ во Скопје, Б.Р. испукал еден проектил од пиштол кон нозете на 35-годишниот С.З. од Скопје. Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти спровела опсежна истрага, при што биле обезбедени докази против осомничениот. На 26 декември 2024 година против Б.Р. била поднесена кривична пријава по брза постапка, а судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од осум дена.
Полицијата продолжува со истрагата за случајот, со цел целосно документирање на околностите поврзани со настанот.