сабота, 27 јули 2024

Приведен шверцер од Неготино, пренесувал седум мигранти

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму велат дека криумчарот е затекнат како со патничко возило „цитроен ксара“, со кумановски регистарски ознаки, превезувал седум лица мигранти, од кои шест од Сирија и едно од Египет.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од полициска станица Неготино и Регионалниот центар за гранични работи Југ.

„Д.С. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека илегалните мигранти се предадени на полициски службеници во Полициска станица Неготино по што ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ