Во неговото возило биле откриени седум мигранти од Сирија. И.М. го лишиле полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток.
„Околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано Валандовско брдо, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила БМВ, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото БМВ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.