понеделник, 15 април 2024

Приведен шверцер на мигранти

Полициски службеници од СВР Велес синоќа го лишиле од слобода А.Е.(34) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти. Лицето, како што информира денеска МВР, било лишено од слобода во 21:15 часот на улица Димко Најдов во Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници синоќа околу 21:10 часот на автопатот А1 дале знак за запирање на возило сеат со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е. Но, тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. По преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што бил пронајден возачот и возилото.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ