„Денеска полицијата реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, Садредин Елезоски. Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети. Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати. Лицето е приведено при исплата на парите од првата рата во угостителски објект во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени“, велат изворите на МКД.мк.
МКД.мк веќе неколку години редовно известува за сомневањата со издавањето дозволи за изградба на хотели, згради, апартмани… околу Мавровското Езеро и вмешаноста во ова на надлежните од Општината Маврово Ростуше.
А.Д.