сабота, 27 јули 2024

Приведен осуденик од Центар Жупа баран за издржување затворска казна

Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи вчера околу 10 часот, привеле жител на општина Центар Жупа баран за издржување затворска казна.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера е приведен О.О. од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Тој беше баран со наредба од Основниот суд во Дебар за издржување затворска казна“, информираше Стефан Димовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, лицето е спроведено во Казнено – поправната установа затвор Струга за издржување на казната.

Димовски, исто така, информираше дека ОВР Дебар вчера поднело кривична пријава против А.И. од Центар Жупа поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.

„Таа, без одобрение и спротивно на Законот за градба, на туѓа катарстарска парцела, отпочнала градба на објект од тврда градба“, рече Димовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ