вторник, 18 март 2025

Приведен осомничен за подметнување пожари во две штали

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 13.15 часот во село Градец, гостиврско, го лишиле од слобода М.Н.(32) од село Горјане.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно дека претходниот ден подметнал пожар во две штали на лицето А.Н.(34) од село Горјане. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ