четврток, 31 октомври 2024

Приведен маж под сомневање дека го подметнал пожарот кај Папрадиште

С.М. (50) од село Ореше, Општина Чапка, вчера беше приведен од полицијата од Велес поради сомневање дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека на 6 август околу 12.00 часот предизвикал пожар во реонот на селото Папрадиште кон селото Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ