Лицето Г.Ц. е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
Приведен маж кој подготвувал поставување експлозив пред куќа во Мала Речица
Рано утрово во село Доброште, Тетовско, полицајци од Теарце го лишиле од слобода Г.Ц. (52) од село Мала Речица, пријавен од лице дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа. Денеска околу 10 часот покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот, полициски службеници пронашле две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати, информираат од МВР.
ТОП ВЕСТИ