сабота, 27 јули 2024

Приведен кратовчанец осомничен за обљуба на малолетничка

Дваесет и тригодишен кратовчанец бил приведен од  полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово поради сомнение дека обљубил малолетничка.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 16.45 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода дваесет и тригодишниот К.Г. од Кратово кој се сомничи дека упатил закани кон малолетничка од Куманово, со која претходно бил во љубовна врска. Истото лице се сомничи и дека извршило полови дејствија врз неа“, информира Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

Кратовчанецот К.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ