недела, 14 април 2024

Приведен крадец осуден на казна затвор од три години

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 06.55 часотна ул. Зендел Џемаил во Скопје, го привеле О.Б.(58) од скопското село Огњанци, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Лицето било предадено во полициската станица Гази Баба, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната“, се појаснува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ