вторник, 8 октомври 2024

Приведен Косовец за подметнување на пожарот во Општина Тетово

СВР Тетово информира дека по пожарот во подрумските простории во зградата на Општина Тетово како осомничен за подметнување е приведен државјанин на Косово. Пожарот избувна во неделата околу 15 часот, а осомничениот е најден во Тетово вчеравечер. Пожарот бил подметнат во просториите во кои се чува изборен материјал од локалните избори.

Објавено на

часот

Сподели

„На 7 октомври 2024 година во 20:15 часот на улица Маршал Тито во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје. Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на Општина Тетово. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик“, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Во пожарот изгоре изборен материјал кој бил складиран во подрумските простории. Тетовската пожарна информираше дека пожар бил изгаснат за неколку часа од 12 пожарникари со четири возила.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами денеска изјави дека пожарот кој избувна во подрумските простории на општина Тетово бил намерно предизвикан и ова го потврдиле и безбедносните камери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ