среда, 11 декември 2024

Приведен Косовец поради криумчарење на акцизна стока

Кај кратовското село Страцин синоќа по претходно добиени сознанија дека врши криумчарење и по преземени мерки, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода 39 годишниот Р.Ш. од Косово, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

При контрола во возилото фолксваген пасат со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена поголема количина на разновидна акцизна стока за која не поседувал никаква документација, а ниту пак платил царински давачки.

„Стоката и возилото биле одземени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ