петок, 28 март 2025

Приведен кавадарчанец, возел со 2,6 промили алкохол во крвта

Вчера поладне во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, патничко возило фиат стило со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И. од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот.

Објавено на

часот

Сподели

„Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ