„Синоќа на улица Јусуф Грвала полициските службеници го лишија од слобода А.Р. од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикал расправија со Р.Х. и уште двајца малолетници, по што им се заканил со пиштол“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид.
Според Димоски, по целосно документирање на настанот, против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.