сабота, 27 јули 2024
Игор Стрелков Гиркин

Приведен бивш руски воен командант поради „екстремизам“

Објавено на

часот

Сподели

Информациите за приведувањето на Стрелков (Гиркин) ги потврди неговата сопруга Мирослава Регинскаја.

„Од пријатели, успеав да дознаам дека мојот сопруг е обвинет според член 282 од Кривичниот законик на Руската Федерација (екстремизам), напиша таа на неговиот канал на Телеграм.

Пред неколку дена Стрелков го нарече рускиот претседател Владимир Путин „ништожност“.

Во ноември 2022 година Игор Стрелков од холандскиот суд во Хаг во отсуство беше осуден на доживотен затвор за вмешаност во падот на патничкиот авион боинг 777 на Малезија ерлајнс над Донбас во 2014 година. Во несреќата загинаа 298 луѓе, тој беше обвинет за нивно убиство. Тој ја негира вината. Покрај тоа, тој е осомничен од украинската истрага за тероризам и воени злосторства.

Стрелков постојано јавно ги критикуваше групата Вагнер и нејзиниот водач Јевгениј Пригожин и ги обвини за подготовка на воен удар пред нивниот бунт. Во 2014 година го напушти Донбас, по што редовно ја критикува руската политика во Украина и властите од десницата, изјавувајќи дека не сакаат да се борат или дека се борат лошо.

Стрелков е ветеран на руската армија и поранешен офицер на Федералната служба за безбедност (ФСБ), кој одигра клучна улога во анексијата на Крим од страна на Руската Федерација, а подоцна и во војната во Донбас како организатор на милитантните групи во т.н. Доњецка Народна Република (ДПР).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ