петок, 3 јануари 2025

Приведен 48-годишник за напад врз малолетниот внук

Полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода С.К., постапувајќи по претходна пријава, дека во дворот од семејната куќа, физички го нападнал неговиот малолетен внук.

Објавено на

часот

Сподели

Четириесет и осумгодишник од неготинско село бил приведен за напад врз малолетниот внук, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

„Вчера во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода С.К., постапувајќи по претходна пријава, дека во дворот од семејната куќа, физички го нападнал неговиот малолетен внук. С.К. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се појаснува во соопштението на СВР – Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ