Тој се сомничи дека истиот ден, во периодот од 20 до 21 часот, со употреба на сила, влегол во дворно место на Љ.П., на возраст од 63 години од селото Дељадровци, скопско, по што одзел повеќе делови за работна машина – комбајн. Пронајдените одземени делови кај него, биле вратени на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.