Вселенското летало Блу гоуст, со големина на компактен автомобил и опремено со четири нозе, носело 10 научни товари.
Тоа слета во близина на античкиот вулкански отвор на Маре црисиум, голем слив во североисточниот дел од страната на Месечината свртена кон Земјата.
Контролорите на летот во седиштето на Фајерфлај во Остин, Тексас го следеле спуштањето на авионот со брзина од само 2 милји на час, што овозможило прецизно и контролирано слетување.
Во преносот во живо беше потврдено дека леталото влегло во гравитацијата на Месечината.
„Ние сме на Месечината“, објави Вил Куган, главен инженер на Блу гоуст вклучен во контролата на мисијата.
Фајерфлај стана втората приватна компанија која изврши меко слетување на Месечината, по Интуитив машинс, чие летало Одисеја слета на Месечината минатата година.
Досега, само пет земји успешно извршија меко слетување: поранешниот Советски Сојуз, САД, Кина, Индија и Јапонија.
Блу гоуст беше лансиран пред месец и половина со ракета на Спејсекс од вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида.
Тој патувал околу 383.000 километри до Месечината.
„Сè помина без проблеми, дури и при слетувањето, потоа видовме дека сè е стабилно и исправено“, изјави извршната директорка на Фајерфлај, Џенет Петро.
Со поддршка на НАСА и нејзината програма Артемис, приватни компании како Фајерфлај, Спејскекс на Илон Маск и Блу ориџин на Џеф Безос играат клучна улога во модерната трка до Месечината.