Полициската акција се одвивала на наплатната станица „Сопот“, каде било извршено контрола на патничко возило мерцедес со велешки регистарски ознаки. Возилото било управувано од А.И., а сопатници биле С.К. и Б.С. При прегледот, кај С.К. бил пронајден и одземен хероин.
По приведувањето, С.К. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документирањето на случајот, против него била поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво според член 215 од Кривичниот законик.
На 6 јануари 2024 година, по наредба на Основниот суд Велес, С.К. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, каде ќе издржува мерка притвор во траење од 30 дена.