сабота, 27 јули 2024

Притвор за велешанец, осомничен е за трговија со дрога

Судија на претходна постапка од Основен суд Велес му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на 38-годишниот велешанец А.М. поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информира портпаролот на СВР Велес,Билјана Ѓаковска.

Објавено на

часот

Сподели

На 23 март во саботата вечер  во 21.45 часот во Велес, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(38) и Е.Д.(36), двајцата од Велес, затоа што кај А.М. биле пронајдени и одземени 34 пакувања со кафеава прашкаста материја и дигитална вага, а кај Е.Д. пронајдена и одземено едно пакување со марихуана.

Од СВР Велес информираат  дека по документирање на случајот, од страна на СВР Велес е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка е одредена мерка притвор за А.М.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ