сабота, 27 јули 2024

Притвор за скопјанец кој ја нападнал сопругата иако имал забрана за приближување

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 25-годишен скопјанец кој пред два дена ѝ се заканувал, а потоа и физички ја нападнал својата сопруга со која бил во бракоразводна постапка, а имал и судска забрана да контактира со неа и да ѝ се приближува.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија денеска од обвинителството, постапката против скопјанецот се води за две кривични дела телесна повреда и неизвршување на судска одлука. 

Осомничениот 25-годишник, на 3 октомври, пијан дошол пред влез на зграда на улицата  „Пушкинова“ во Кисела Вода, и најпрво со висок тон се обратил кон оштетената со која се во бракоразводна постапка. Пред нивната заедничка двегодишна ќерка грубо ја навредувал жената, а потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот. На оштетената и нанел видливи повреди и продолжил да ѝ се заканува, одземајќи и го телефонот. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во зградата отспротива додека случајна минувачка не повикала полиција.

Исто така, осомничениот, со судска одлука од Основен граѓански суд Скопје, имал изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство спрема неговата сопруга – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз оштетената, забрана да ја малтретира, телефонира, вознемирува, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со оштетената, забрана да ѝ се приближи на растојание помало од 100 метри од нејзиното живеалиште, работното место или определено место кое го посетува жртвата. Иако и претходно од надлежните институции му било укажано на ваквите забрани, тој не ги почитувал и ги прекршувал, за што оштетената во неколку наврати пријавувала во полиција.

„Особено имајќи предвид дека осомничениот во континуитет претходно физички и психички ја малтретирал оштетената, јавниот обвинител оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело или ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува. Со такво образложение, обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, соопшти ОЈО.​

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ