Според информациите на СВР Тетово, вчера судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово му определил мерка притвор од 30 денови, а денес осомничениот е спроведен во КПУ Затвор Скопје.
„Дваесет и седумгодишниот тетовец Е.И. се сомничи дека на 9-ти и 10-ти овој месец извршил две разбојништва и еден обид за разбојништво во казина во Тетово. Заканувајќи им се на вработените со остар и тврд предмет, тој одзел извесна сума парични средства“, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.