„На паркинг простор пред зградата, како и во ѕидот од ходникот во близина на станот каде престојувал 17-годишникот држел повеќе помали пакувања наркотична дрога марихуана, чија точна количина е предмет на вештачење. Дрогата била спакувана и подготвена за натамошна неовластена продажба. Врз основа на обезбедените докази постои основано сомнение дека детето извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти ОЈО Скопје.
Постапувајќи по предлогот на обвинителството, судијата за деца донесе решение со кое определи мерка притвор за малолетникот.