„Осомничениот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, соопштија од Обвинителството.
Судот го прифати предлегот и анестезиологот доби притвор од 8 дена.