сабота, 27 јули 2024

Присуство на полицијата побара директорката на штипското училиште чии две ученички беа прегазени

Директорката на средното училиште „Коле Нехтенин“ од Штип, Јованка Шалева, денеска одржа прес-конференција откако две ученички беа прегазени во близина на училиштето на пешачки премин. Таа рече дека ваква несреќа се случува вторпат и апелира возачите да внимаваат и да ја намалат брзината, а од полицијата поголема сообраќајна контрола. Има кружен тек на булеварот Гоце Делчев, има и сигнализација дека во близина е училиште, има и има пешачки премин, нагласи директорката.

Објавено на

часот

Сподели

Двете девојчиња на возраст од 15 и 16 години кои беа прегазени на пешачки премин пред регионалното електро-машинско училиште се хоспитализирани во Клиничката болница-Штип и остануваат на лекување. Едното од девојчињата е со скршена карлица, а 15 годишното девојче е со набиеници и полесни повреди.

д

Директорката Шалева посочи дека пред пет години, кога на лице место загина средношколец од училиштето беа поставени рампи, се изгради кружниот тек и се обележа нов пешачки премин.

„Меѓутоа очигледно е дека се уште свеста кај возачите не е на високо ниво, се вози многу брзо и еве се случи немил настан, имаме две ученички од коишто едната е потешко повредена. Јас би апелирала до сите возачи да внимаваат, бидејќи овде поминуваат ученици. Апелираме и до родителите и до учениците и тие да внимаваат, за да немаме вакви слични настани во иднина“, рече Шалева.

Таа забележа дека глетката утринава била страшна, а другарки на девојчињата кои успеале први да преминат на пешачкиот премин биле во шок.

Прашана што како училиште ќе бараат за дополнителна безбедност на учениците, Шалева со одговор дека ќе бараат да има позасилена сообраќајна контрола од страна на полицијата и, како што вели, да се додаде плус сигнализација на онаа што е веќе поставена.

МВР денеска информира дека две девојчиња од СОУ „Коле Нехтенин“-Штип  пред почетокот на првата смена, односно околу 7.30 часот на пешачкиот премин се прегазени од возило марка цитроен, со германски национални ознаки, управувано од 28 годишен штипјанец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ