сабота, 27 јули 2024

Пристигнаа 16 миниавтобуси од Шангај

Објавено на

часот

Сподели

Надлежните информираат дека е почната испораката на 68 новопроизведени двокатни автобуси што ќе се користат во јавниот градски превоз во Скопје. Автобусите се испорачани од фабриката и денеска се товарат на пристаништето во Шангај. Се очекува да пристигнат на пристаништето во Пиреа кон средината на февруари и да бидат доставени во земјава во март годинава. Тоа, како што велат во надлежното министерство, е неколку месеци порано од договореното.

Новопроизведените двокатни автобуси се дизајнирани во ретро-стил како автобусите што се користеле за градски сообраќај во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век во Скопје.

„Тие ќе бидат уникатни и нема да се возат на друга локација. Ги исполнуваат сите потребни стандарди. Имаат емисија на издувни гасови „ЕУРО 4“, дигитален тахограф, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички, целосно се климатизирани и многу се поудобни од автобусите што моментално се користат во главниот град“, се вели во информацијата од Министерството за транспорт и врски.

Досега во Македонија пристигнаа 68 двокатни и 80 нископодни автобуси, а до крајот на 2013 година треба да бидат испорачани преостанатите 66 автобуси.

Набавката на 202 двокатни автобуси, петнаесет отворени двокатни автобуси, 80 нископодни автобуси и 16 минибуси е во рамките на проектот за обновување на возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ