сабота, 27 јули 2024
Легендата е привремено решение по отказот на Потер

Пристигна потврда, Френк Лампард е тренер на Челси до крајот на сезоната

Објавено на

часот

Сподели

По отказот на Грем Потер, Челси започна потрага по нов тренер и беа одржани неколку состаноци. „Сините“ сепак нема да избрзуваат со одлуката и одбраа едно необично решение, Френк Лампард се враќа на „Стемфорд Бриџ“ на привремена основа.

„Задоволни сме што можеме да му посакаме добредојде на Френк Лампард, тој е член на халата на славните во Премиерлигата и легенда на овој клуб“ – се вели во соопштението.

Ко-сопствениците Тод Боли и Бехдад Егбали  потоа објаснија зошто е повлечен еден ваков потег.

„Продолжуваме со нашиот темелен и опсежен процес за именување на перманентен тренер, но во исто време сакаме да му обезбедиме на клубот и на навивачите јасен и стабилен план за остатокот од сезоната. Сакаме да си дадеме шанса за успех и Френк ги има сите карактеристики и квалитети за ова“.

„Не чека важен натпревар во сабота против Вулверхемптон а потоа ќе го насочиме фокусот на дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Френк ќе ја има нашата целосна поддршка со цел да го имаме најдобриот можен исход на натпреварите до крајот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ