вторник, 24 декември 2024

Пристанишни работници во Грција блокираа оружје за Израел (ВИДЕО)

Десетици пристанишни работници во Пиреј блокираа утовар на контејнер со муниција за Израел во знак на протест против геноцидот во Појасот Газа, изјавија денес за Ројтерс службеници на синдикатот и крајбрежната стража. Во контејнерот има 21 тон муниција, а во Пиреј пристигнал вчера, кажал синдикалец кој сакал да остане анонимен.

Принтскрин: Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

Товарот бил донесен со контејнер од Македонија, а требало да биде натоварен на брод кој плови под знаме на Маршалските Острови и превезен во Израел.

„Време е гласно да се викне дека нема да дозволиме пристаништето Пиреј да стане отскочна даска за војна“, објави на Фејсбук синдикатот на пристанишните работници. „Ние се бориме за мир. Велиме „не“ на учеството на Грција во војната“.

„Убијци, заминете од пристаништето“, гласи слоганот испишан на камионот, кој се гледа на фотографиите објавени на Фејсбук.

Грција го поддржува правото на Израел на самоодбрана, но повикува на моментален прекин на огнот за да се прекине, како што оцени, „незамисливата хуманитарна катастрофа“ во окупираната палестинска енклава.

Камионот со товарот е кај пристанишните власти и е отворена истрага за инцидентот. По лидерот на синдикатот е издаден налог за апсење. Контејнерот имал валидна транзитна дозвола, кажал службеник на крајбрежната стража.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ